Вметнување SIM картичка и батерија
Важно: Не користете мини-UICC
SIM картичка, исто така позната како
микро-SIM картичка, микро-SIM
картичка со полнач или SIM картичка
што има мини-UICC исечок (види слика)
во овој уред. Микро SIM картичката е
помала од стандардната SIM картичка.
Овој уред не ја поддржува употребата
на микро-SIM картички и употребата на
некомпатибилни SIM картички може да
ја оштети картичката или уредот и
може да ги оштети податоците што се
зачувани на картичката.
1 За да го отстраните задниот
поклопец на уредот, повлечете го
копчето за ослободување (1) кон
крајот на уредот и подигнете го
поклопецот (2).
2 Отстранете ја батеријата и
наместете ја SIM картичката во
држачот за SIM картичка. Осигурете
се дека областите за контакт на
картичката се свртени надолу.
3 Вметнете ја батеријата.
4 За да го замените поклопецот,
внимателно насочете го горниот
дел за заклучување (1) и подредете
го задниот поклопец и потоа
внимателно притиснете надолу се
додека поклопецот не се заклучи на
своето место (2).