Заштита на Вашиот уред од штетни содржини
Вашиот уред може да биде изложен на вируси и други
штетни содржини. Преземете ги следните мерки на
претпазливост:
•
Бидете внимателни при отварање на пораките. Тие
може да содржат штетен софтвер или на друг начин
да бидат штетни за Вашиот уред или компјутер.
•
Бидете внимателни кога прифаќате барања за
поврзување, пребарувате интернет или преземате
содржини. Не прифаќајте Bluetooth поврзување од
извори на кои не им верувате.
•
Инсталирајте и користете само услуги и софтвер од
извори на кои им верувате и кои нудат адекватна
сигурност и заштита.
•
Инсталирајте антивирусен и друг безбедносен
софтвер на Вашиот уред и кој било поврзан
компјутер. Користете само една антивирусна
апликација во исто време. Едновремено користење
на повеќе антивирусни програми може да влијае
врз резултатите и работењето на уредот и/или
компјутерот.
•
Доколку пристапувате до претходно инсталирани
зачувани линкови и линкови до интернет страници
на трети страни, преземете соодветни мерки на
претпазливост. Nokia не ги поддржува ниту пак
презема која и да е одговорност за таквите
страници.