За Bluetooth
Bluetooth технологијата во вашиот уред
овозможува безжични врски помеѓу
електронски уреди во опсег од 10 метри
(33 стапки). Bluetooth врска може да се
користи за да испратите слики, видео,
текст, визит-карти, календарски
белешки или безжично да се поврзете
на уреди што користат Bluetooth
технологија.
Бидејќи уредите што користат Bluetooth
технологија комуницираат користејќи
радио бранови, вашиот уред и другите
уреди не мора да бидат во директна
видна врска. Двата уреди само треба да
бидат максимално 10 метри
оддалечени еден од друг, иако врската
може да биде изложена на
интерференција од пречки како што се
ѕидови или од други електронски
уреди.
Неколку Bluetooth врски можат да
бидат активни одеднаш. На пример, ако
вашиот уред е поврзан на слушалки,
исто така можете истовремено да
пренесувате датотеки на друг
компатибилен уред.
Овој уред е во согласност со Bluetooth
спецификацијата 2,1 + EDR што ги
поддржува следниве профили:
Advanced Audio Distribution, Audio/Video
Remote Control, Basic Imaging, Basic
Printing, Device ID, Dial-up Networking,
File Transfer, Generic Audio/Video
Distribution, Generic Access, Generic
Object Exchange, Handsfree, (Human
Interface Device) Headset, Object Push,
Phone Book Access, Serial Port, и SIM
Access . За да осигурате
интеропратибилност помеѓу другите
уреди што поддржуваат Bluetooth
технологија, користете додатоци за
овој модел што се одобрени од Nokia.
Проверете со производителите на
другите уреди за да ја утврдите нивната
компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth
технологија ја зголемуваат
побарувачката на енергија од
батеријата и го намалуваат животниот
век на батеријата.