
Традиционално внесување на текст
покажува традиционално
внесување на текст.
и
покажуваат големи и мали
букви.
ја покажува големината на
буквите во реченицата, т.е., првата
буква од реченицата е напишана со
голема буква и сите други букви
автоматски се напишани со мала буква.
покажува режим на броеви.
За да напишете текст со тастатурата,
притиснете некое копче со број, 2-9,
последователно се додека не се
прикаже посакуваниот знак. Постојат
повеќе достапни знаци за некое копче
со број отколку што се испечатени на
копчето. Ако следната буква е
лоцирана на истото копче како и
сегашната буква, почекајте додека не
се прикаже курсорот и внесете ја
буквата.
За да вметнете некој број, притиснете и
задржете го копчето со број.
За да се префрлате помеѓу различните
големини и режими на знаци,
притиснете #.
За да избришете некој знак, притиснете
го копчето за бришење. Притиснете и
задржете го копчето за бришење за да
избришете повеќе од еден знак.
За да ги внесете најчесто користените
интерпункциски знаци, притиснете 1
последователно се додека на се покаже
посакуваниот интерпункциски знак.
За да додадете специјални знаци,
притиснете и задржете *.
За да додадете смешко, притиснете * и
одберете
More emoticons
и смешко.
За да вметнете празно место,
притиснете 0. За да вметнете еден
празен ред, притиснете 0 три пати.