Прилагодувања за конфигурација
Пред да можете да користите
мултимедијални пораки, e-mail,
синхронизација, стриминг и
пребарувач, мора да ги имате
соодветните прилагодувања за
конфигурација во Вашиот уред. Вашиот
уред може автоматски да ги
конфигурира пребарувачот,
мултимедијалните пораки, пристапната
точка и прилагодувањата за стриминг
базирано на SIM картичката што се
користи. Ако не, можете да ја користите
апликацијата Волшебник за
прилагодување за да ги конфигурирате
прилагодувањата. Можете да ги
примите прилагодувањата како некоја
порака за конфигурација која што
можете да ја зачувате на Вашиот уред.
За повеќе информации за достапноста,
контактирајте со Вашиот обезбедувач
на услуги или најблискиот овластен
Nokia дилер.
Кога ќе примите некоја порака за
конфигурација, и прилагодувањата не
се автоматски зачувани и активирани,
1 new message
се покажува на
екранот. За да ги зачувате
прилагодувањата, одберете
Show
>
Options
>
Save
. Можеби ќе треба да
внесете некој PIN код обезбеден од
Вашиот обезбедувач на услуги.