За GPS
Глобалниот систем за позиционирање
(GPS) е управуван од Владата на
Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето
на системот. На точноста на податоците
на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите
Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на
Министерството за одбрана на
Соединетите Американски Држави и
Федералниот Радио-навигационен
план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на
сателитите. На достапноста и
квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради,
природни пречки како и временските
услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради
или под земја и може да бидат
попречени од материјали како што се
бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни
мерења на локации, и не треба никогаш
да се потпирате единствено на
податоците за локацијата од GPS
приемникот и на мобилните радио
мрежи за позиционирање или
навигација.
Мерачот на патот има ограничена
точност и може да се појават грешки
при заокружување. На точноста исто
така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.
Координатите во GPS се изразени со
помош на меѓународниот
координативен систем WGS-84.
Достапноста на координатите може да
варира во зависност од регионот.