За методите на позиционирање
Мапите ја прикажуваат Вашата
локација на мапата со помош на
позиционирање врз основа на GPS, A-
GPS или идентификација на ќелија (cell
ID).
Глобалниот систем за позиционирање
(GPS) е сателитски навигациски систем
наменет за пресметување на Вашата
Позиционирање 59
© 2010-2011 Nokia. Сите права се задржани.
локација. Assisted GPS (A-GPS) е мрежна
услуга која Ви испраќа GPS податоци, со
што се подобрува брзината и точноста
на позиционирањето.
При позиционирање врз основа на
идентификација на ќелија (cell ID),
положбата се одредува преку
антенската кула со која Вашиот
мобилен уред е моментно поврзан.
Во зависност од достапната метода на
позиционирање, точноста на
позиционирањето може да варира од
неколку метри до неколку километри.
Кога употребувате Мапи за прв пат, од
Вас е побарано да дефинирате интернет
влезна точка за да ја користите за
даунлоадирање на информации за
мапа или користење на A-GPS.
Глобалниот систем за позиционирање
(GPS) е управуван од Владата на
Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето
на системот. На точноста на податоците
на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите
Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на
Министерството за одбрана на
Соединетите Американски Држави и
Федералниот Радио-навигационен
план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на
сателитите. На достапноста и
квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради,
природни пречки како и временските
услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради
или под земја и може да бидат
попречени од материјали како што се
бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни
мерења на локации, и не треба никогаш
да се потпирате единствено на
податоците за локацијата од GPS
приемникот и на мобилните радио
мрежи за позиционирање или
навигација.
Мерачот на патот има ограничена
точност и може да се појават грешки
при заокружување. На точноста исто
така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.