
Заштитена содржина
Содржините заштитени со дигитални
права за управување (DRM), на пример
медиа датотеки, како што се слики,
Управување со податоци 91
© 2010-2011 Nokia. Сите права се задржани.

музика или видео клипови доаѓаат со
придружени лиценци кои ги
дефинираат правата за употреба на
содржината.
Можете да ги гледате деталите и
статусот на лиценците и повторно да
активирате или отстранувате лиценци.
Управување на лиценци со
дигитални права
Одберете >
Applications
>
Licences
.
Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да
користат различни типови на
технологија за управување со
дигитални права (ДРМ; digital rights
management – DRM) за заштита на
нивната интелектуална сопственост,
вклучувајќи ги и авторските права. Овој
уред користи различни типови на
ДРМ софтвер за пристап до содржини
заштитени со ДРМ. Со овој уред можете
да пристапите на содржини заштитени
со WMDRM 10 и OMA DRM 1.0 и 2.0. Ако
одреден ДРМ софтвер не успее да ја
заштити содржината, сопствениците на
содржината може да побараат таквата
ДРМ софтверска можност за пристап до
новите содржини заштитени со ДРМ да
бидат повлечени. Повлекувањето исто
така може да спречи обнова на таквата
содржина заштитена со ДРМ веќе во
Вашиот уред. Повлекувањето на
таквиот ДРМ софтвер не влијае на
користењето на содржини заштитени
со друг тип на ДРМ или користење на
содржини незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со DRM доаѓаат
придружени со лиценца што ги
дефинира Вашите права за користење
на содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM
заштитена содржина, за да направите
резервна копија и на лиценцата и на
содржината, користите ја функцијата за
резервни копии на Nokia Ovi Suite.
Другите методи на префрлување може
да не ја префрлуваат лиценцата
којашто е потребна за да можете Вие да
продолжите со користење на
содржината заштитена со OMA DRM
откако меморијата на уредот ќе биде
форматирана. Може исто така да треба
да ја повратите лиценцата во случај
датотеките на Вашиот уред да бидат
оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина
заштитена со WMDRM, и лиценцата и
содржината ќе бидат изгубени ако
меморијата на уредот се форматира.
Може исто така да ја загубите
лиценцата и содржината ако
датотеките на Вашиот уред бидат
оштетени. Губењето на лиценцата или
на содржината може да ја ограничат
Вашата можност за повторно
користење на истата содржина на
Вашиот уред. За повеќе информации,
контактирајте го Вашиот оператор.
Некои лиценци може да се поврзани со
некоја специфична SIM картичка, и на
заштитената содржина може да и се
пристапи само ако SIM картичката е
вметната во уредот.
92 Управување со податоци
© 2010-2011 Nokia. Сите права се задржани.